Познато името на новиот тренер на Ристовска, доаѓа Романецот, Флорентин Пера

Флорентин Пера е новиот тренер на екипата на ЦСКА Москва и репрезентативката на Македонија, Сара Ристовска. Романецот во руската престолнина ќе пристигне во текот на месец јули, пред почнување на подготовките за новата сезона.

Тренерот од Романија од 2018 година ја предводеше екипата на Валчеа. За него, ЦСКА ќе биде прв интернационален предизвик во неговата тренерска кариера.

ЦСКА Москва претходно објави дека за следната сезона е ангажиран нов тренер и дека тој доаѓа од странство. На тренерското место во клубот е Олга Акопјан која најверојатно во следната сезона ќе остане во екипата и ќе биде помошен тренер.

Акопјан како тренер нема големо искуство за натпревари во Лигата на шампионите. Тоа можеше да се забележи и на вториот полуфинален натпревар од Лигата на шампионите помеѓу ЦСКА Москва и Вајперс Кристијансанд.

ЦСКА има големи амбиции за следната сезона и за остварување на истите беше неопходно ангажираше на тренер со големо искуство за големи натпревари.