Познати шеширите пред ждрепката за осминафиналето во Купот на Македонија

Откако беа одиграни натпреварите во елиминациското коло, каде што 16 суперлигаши играа со 16 прволигаши, познати се сите учесници во следната фаза во Купот на Македонија.

Сите суперлигаши без поголеми проблеми триумфираа и сега ја чекаат ждрепката за осминафиналето, кое ќе се игра по групи.

Екипите ќе бидат поделени во четири групи по четири, а местото во шеширите се добива преку пласманот по есенскиот дел од сезоната во Суперлигата.

Според тоа во првиот шешир ќе бидат екипите на Вардар, кој е бранител на титулата, Еурофарм Пелистер, Бутел Скопје и Еурофарм Пелистер 2.

Ракометната федерација допрва треба да ја закаже ждрепката за осминафиналето, а натпреварите ќе се играат во април 2023 година.

Куп на Македонија, осминафинале, ждрепка:

шешир 1: Вардар, Еурофарм Пелистер, Бутел Скопје, Еурофарм Пелистер 2
шешир 2: Тиквеш, Охрид, Прилеп, Пролет
шешир 3: Струга, Радовиш, Алкалоид, Голден Арт
шешир 4: Вардар Неготино, Куманово, Скопје, Јуниор КВ