Познати четвртфиналните парови кај кадетите: Кој со кого за пласман на Ф4!

Денес во просториите на Ракометната федерација на Македонија (РФМ) се одржа извлекување на четвртфиналните парови во кадетската лига во машка конкуренција.

Во ланската сезона титулата во кадетска конкуренција ја освои екипата на Бутел, која во финалето во Охрид славеше против Алкалоид со 22:20.

Двете екипи, плус Охрид и Пролет, кои исто така играа на ланскиот Ф4 кај кадетите, не стигнаа до четвртфиналето.

1/4 ФИНАЛЕ – КАДЕТСКА МАШКА ЛИГА:

Вардар Неготино – Охрид/Мулти Есенс

Куманово – Голден Арт

Еурофарм Пелистер – Вардар

Струга – Бисинов

Натпреварите од четвртфиналето се предвидени да се одиграат на 13/14.05, а Ф4 на 20/21.05.2023.