Познати четвртфиналните двојки – кој против кого на патот до титулата

Со одигрувањето на последните натпревари од главната рунда на Мундијалот во Полска и Шведска, познати се четвртфиналните двојки.

Данска со убедливиот триумф над Египет, го прати африканскиот претставник на мегдан со еден од домаќините – Шведска.

Избраниците на Николај Јакобсен ќе играат против најпосакуваниот ривал во ТОП 8 – селекцијата на Унгарија.

Франција ќе се соочи со Германија, додека Норвешка за ривал ќе го игра европскиот првак од 2020 година, Шпанија.

Сите четвртфинални натпревари се играат в среда на 25 јануари.