Познати судиите за мечот меѓу Македонија и Мароко

Светската ракометна федерација ги делегираше официјалните лица за натпреварите од третото коло во Президент Купот и главната рунда.

Натпреварот меѓу Македонија и Мароко ќе го судат арбитри од Јужна Кореја.

Станува збор за Ли Сеок и Ко Бонок, додека делегат на ИХФ на овој натпревар ќе биде Бразилецот Седрез.

Натпреварот меѓу Македонија и Мароко ќе се игра вечерва во „Орлен Арена“ со почеток во 18:00 часот.