ПОЗНАТИ СОСТАВИТЕ: Ѓорче Петров со истите 12 од претходниот дуел ќе брка победа на Исланд

Македонскиот шампион Ѓорче Петров вечерва го игра реванш натпреварот против тимот на КА Тор, во рамки од второто коло од Европскиот Куп.

Првиот дуел, кој беше одигран вчера и на кој Ѓорче Петров беше формално домаќин, заврши без победник, 20:20.

Ракометарките на Ѓорче Петров вечерва ќе треба да го дадат максимумот и да остварат минимална победа, со цел да обезбедат пласман во следната фаза во третото по ранг квалитетно европско натпреварување.

Тренерот Симе Симовски го одреди составот за реванш натпреварот. Ростерот е истиот што настапи и во првиот дуел. Исто така и КА Тор ќе настапи со истиот состав, односно со сите 16 ракометарки.

Натпреварот меѓу Ѓорче Петров и КА Тор ќе се одигра со почеток од 21:30 часот.