ПОЗНАТИ СОСТАВИТЕ: Чаир и Макаби со по една промена по дуелот во Скопје

Европската ракометна федерација ги објави составите на Макаби Аразим Рамат Ган и Чаир за втората пресметка од третата рунда во Европскиот Куп.

Првиот меч во Скопје го доби израелскиот тим со 33-30 и ја има фаворитската улога на реваншот на домашен терен.

Составите на двете екипи се со по 15 ракометарки. Во домашниот тим ќе недостига руската интернационалка Ана Суботина, додека кај Чаир ја нема Аурора Фаризи.

Вечерашниот натпревар меѓу Макаби Аразим Рамат Ган и Чаир се игра вечерва со почеток од 18:00 часот.