ПОЗНАТИ СОСТАВИТЕ: Металург со најдобрите во Солун против ПАОК

Ракометарките на Металург денеска го стартуваат настапот во Европскиот Куп, а ривал е шампионот на јужниот сосед на Македонија, ПАОК од Солун.

Стручниот штаб на тимот од Автокоманда за овој натпревар на располагање ќе го има најдобриот ростер.

Во домашниот тим ќе настапи македонската интернационалка Александра Боризовска,  која ја започна втората сезона во ПАОК.

Натпреварот меѓу ПАОК и Металург се игра од 15:30 часот во Солун, а судии се Емил и Ернест Агакиши од Азербејџан.