ПОЗНАТИ СОСТАВИТЕ: Металург без Серафимов, Тулуз со Кемп, Борзаш, Илиќ…(ФОТО)

Тренерите на Тулуз и на Металург, Филип Гардaн и Зоран Кастратовиќ, ги објавија составите со кои двете екипи ќе го одиграат денешниот натпревар од првото коло на Лига Европа.

За Тулуз голмани ќе бидат Летенс и Оливеира де Алмеида, а ќе играат Судри, Илиќ, Жилбер, Соколиќ, Борзаш, Јакобсен, Леванту, Шеле, Кемп, Трибилон, Бен Халима, Абди, Мармиер и Бертини.

Голмани на Металург се Дупјачанец и Ѓорѓески, а ќе играат Хорват, Маркоски, Рниќ, Тарабокија, Потиќ, Поповиќ, Канкараш, Лазаревски, Шилегов, Мариќ, Младеновиќ, Додиќ и Кондев.

Во Тулуз не отпатува Мартин Серафимов, кој е позитивен на Ковид-19. Средбата ќе се одигра во „Палатата на спортовите“ со почеток во 18:45 часот.

Овој натпревар ќе го судат Романците Пирву Михаи и Потирниш Раду, додека делегат ќе биде Дибеду Жан-Филип од Франција.