ПОЗНАТИ СОСТАВИТЕ: Куманово со најсилниот ростер против Макаби Аразим

Македонскиот вицепрвак Куманово денеска го игра првиот натпревар од второто коло на Европскиот Куп.

Ривал на избраничките на Драгана Ристова ќе биде израелскиот тим Макаби Аразим во градот Рамат Ган, каде што ќе бидат одиграни двете средби денеска и утре.

Тренерот Ристова за дуелот против Макаби Аразим ќе може да смета на Алмеида, Нолевска, Чурлиноска, Граматова, Богоеска…Во составот на израелскиот тим ќе настапи и екс ракометарката на Вардар, Екатерина Љубјанаја.

Денешниот натпревар меѓу Куманово и Макаби Аразим ќе се одигра со почеток од 18:00 часот.