ПОЗНАТИ СОСТАВИТЕ: Кизиќ доби предност пред Томовски, шанса добива и Џонов

Машката сениорска репрезентација денеска го започнува патот до пласман на ново големо натпреварување, ЕП 2024 во Германија.

Ракометарите на Македонија ќе се соочат со селекцијата на Луксембург, која влезе во квалификациите како замена бидејќи беа исклучени Белорусија и Русија.

Селекторот Кире Лазаров за натпреварот против Луксембург реши шанса да му даде на голманот Марко Кизиќ, како и на левиот бек Иван Џонов.

Мартин Томовски, Марко Митев, Костадин Петров и Михајло Младеновиќ нема да настапат на првиот квалификациски натпревар. Поради повреда, надвор од ростерот е левото крило Дејан Манасков.

Македонија досега играше четири пати со Луксембург, и сите четири натпревари ги има добиено со висока разлика.

Денешната средба меѓу Македонија и Луксембург се игра во СЦ „Борис Трајковски“ со почеток во 19:00 часот.