ПОЗНАТИ СОСТАВИТЕ: Еурофарм Пелистер без четворица странци, вардарци со трио пивоти

Вечните ривали на македонска сцена, тимовите на Вардар и Еурофарм Пелистер, денес ќе ја имаат првата пресметка во суперлигашката конкуренција.

Битолчани и „црвено-црните“ дуелот од првото коло од новата сезона требаше да го одиграат на стартот од шампионатот, но во согласност со двете екипи, големото дерби беше презакажано за денес.

Актуелниот шампион на Македонија на денешниот дуел со Вардар ќе смета на 16 ракометари, а од комбинација за дуелот со вардарци отпаднаа странците Нилсен, Стевановиќ, Петровиќ и Сери.

Домашниот тим на располагање ќе ги нема Марио Стојановски, Ален Ќосевски и Нилтон Мело.

Вардар: Томовски, Гогов, Срдановиќ, Георгиевски, Ѓукиќ, Јагуриновски, Алонсо, Аларов, Атанасовски, Лазаревски, Николиќ, Петриќ, Родригез, Мишевски, Јасухира, Карапалевски.

Еурофарм Пелистер: Лесјак, Гедбан, Кизиќ, Кузманоски, Атанасијевиќ Петар, Радивојевиќ, Костески, Пешевски, Василев, Ѓорговски, Кисум, Борзаш, Атанасијевиќ Павле, Цехте, Тајник, Танкоски.

Натпреварот меѓу Вардар и Еурофарм Пелистер започнува со почеток од 19:45 часот во СЦ „Јане Сандански“.