ПОЗНАТИ СОСТАВИТЕ: Еурофарм Пелистер со една промена против Агуаш Санташ

Македонскиот вицепрвак денес на гостувањето во Португалија кај Агуаш Санташ ќе се бори за прв европски триумф во новата натпреварувачка сезона од Лига на Европа.

Откако избраниците на Ларс Валтер беа поразени во првото коло од Архус, во дуелот против португалската екипа ќе атакуваат на сигурна победа, со цел да фатат приклучок во борбата за пласман меѓу најдобрите во групата Д.

Тренерот на „фармацевтите“ Ларс Валтер направи само една промена во ростерот во споредба со тимот што играше против Архус. Како што е веќе познато, во битолскиот тим нема да настапи голманот Марко Кизиќ поради повреда и на негово место беше повикан Бобан Ристевски.

Од комбинација отпаднаа левиот бек Емилијан Ѓорговски, левото крило Бојан Маџовски, десното крило Никола Стоилевски, како и десниот бек Мартин Велковски, кој се уште се рехабилитира од повредата.

Натпреварот меѓу Агуаш Санташ и Еурофарм Пелистер ќе започне со почеток од 20:45 часот.

Судии на овој натпревар ќе бидат Денис Болиќ и Кристоф Хурич од Австрија, додека делегат на Европската ракометна федерација (ЕХФ) ќе биде Марко Треспиди од Италија.