ПОЗНАТИ СОСТАВИТЕ: Еве со кои 16 ракометари Македонија ќе ја нападне Норвешка!

Машката кадетска репрезентација на Македонија денес на Светското првенство во Хрватска силите ќе ги одмери со незгодната Норвешка.

Селекторот на Македонија, Раде Стојановиќ, го одреди составот за денешниот дуел со скандинавската селекција.

Од 17-те ракометари кои отпатуваа во Хрватска, против Норвешка нема да настапи левиот бек Антонио Николоски.

Како што е познато, кадетскиот Мундијал го пропушта членот на Мулти Есенс, Димитар Узунчев, поради повреда.

Денешниот дуел меѓу Македонија и Норвешка ќе се одигра во салата „Замет“ во Риека со почеток од 17:30 часот.

Македонија за ривали во групната фаза ги има и репрезентациите на Црна Гора и Грузија.