Познати се термините за суперлигашките натпревари, завршницата од Купот во мај (ФОТО)

Денеска беше извршена ждрепката за редните броеви на екипите пред стартот на новата сезона.

Ќе играат 12 екипи во регуларниот дел од сезоната, а потоа ќе има две групи со пле-оф и плеј-аут со по шест екипи, и тоа значи уште 10 кола.

Сезоната треба да започне на 8/9 септември, а до крајот на годината ќе се одиграат 17 кола, како и првото коло од Купот на Македонија.

Во пролетниот дел ќе бидат одиграни уште пет кола од регуларниот дел, како и десетте од разигрувањето за титула и опстанок, плус четвртфиналето и завршницата од Купот на 14/15 мај.

Последното коло треба да се одигра на 28/29 мај.

Супер лига, 1 коло: 

Вардар – Скопје
Радовиш – Струга
Охрид – Тиквеш
Еурофарм Пелистер – Еурофарм Пелистер 2
Бутел Скопје – Прилеп
Металург – Пролет