Познати се судиите за Супер Купот меѓу Вардар и Еурофарм Пелистер

Натпреварувачката комисија на Ракометната федерација на Македонија ги делегираше официјалните лица за Супер Куп натпреварот.

Дуелот меѓу Вардар и Еурофарм Пелистер ќе го судат Димитар Митревски и Благојче Тодоровски од Битола.

Делегат на натпреварот ќе биде Камер Металари, додека контролор ќе биде Драган Начевски.

Овој натпревар е на програмата во текот на утрешниот ден од 18:00 во струмичката сала „Парк“.

Досега се одиграни пет Супер Куп средби. Во 2017, 2018 и 2019 победуваше Вардар, додека во 2021 и 2022 славеа битолчани.