Познати првите две засилувања за Вардар за пролетниот дел

На Вардар сезонава не му оди баш најдобро, има малку бодови освоени во Лигата на шампионите, малку одиграни средби и многу одложени натпревари. За двојниот европски првак претстои пеколна пролет во која ќе треба можеби секој трет ден да игра натпревар. Продолжува Лигата на шампионите, има одложени средби што треба да се вметнат во календарот, а ќе тргне и СЕХА лигата. Истовремено „црвено-црните“ ќе мора да се натпреваруваат и во домашното првенство.

Клупата на Вардар не е многу долга, но ќе треба нови играчи со кои ќе може да се прави ротација, да се одморат некои важни „алки во тимот“. Затоа стручниот штаб и управата веќе работат на носење на засилувања. Се бараат бекови како дефицитарни играчи, особено на позицијата десен бек. Во меѓувреме познати се и првите две засилувања што треба да ги донесе тимот.

Еден среден бек и пивотмен ќе се приклучат на тренинзите на првиот тим. Не се тоа баш нови играчи, бидејќи и лани играа на некои натпревари за тимот. Сега се враќаат. Стефан Крстевски и Стефан Атанасовски од Работнички ќе се преселат во Вардар. И двајцата всушност се играчи на македонскиот првак, само што есенва играа за Работнички кој е всушност филијала на вардарци.

Атанасовски важи за еден од големите ракометни надежи на македонскиот ракомет. Во Вардар јуниор играше кај Стојан Петрушевски, а лани за него беше заинтересиран и клуб од АСОБАЛ лигата. Реши да остане и да има поголема минутажа во домашното првенство.


Истото се однесува и за Крстевски кој моментно е еден од најдобрите играчи на Работнички. И тој беше дел од Вардар јуниор во минатото.

Вардар од 11 јануари повторно се собира и продолжува со подготовките а продолжението.