Познати двојките за Ф4 – Есбјерг ќе го предизвика Ѓер, Мец на мегдан на европскиот првак

Денеска во Будимпешта беше извршена ждрепката за завршниот турнир во женската Лига на шампони што ќе се игра во унгарската престолнина.

Во новата „МВМ Арена“, ќе се сретнат унгарскиот Ѓер кој практично е домаќин и данскиот Есбјерг, кој изненадувачки го елиминира романскиот ЧСМ Букурешт.

Францускиот Мец, кој на патот до Ф4 имаше само една пречка поради искллучувањето на Ростов Дон, ќе се соочи со европскиот првак Кристијансанд.

Натпреварите од полуфиналето ќе се играат на 4 јуни в сабота, додека финалниот натпревар и оној за трето место се на програмата на 5 јуни в недела.