Познати групите за Супер Глоуб, европските екипи се избегнаа меѓусебе

По триумфот на Есперанца од Тунис на арапскиот клупски шампионат, беа познати сите учесници на неофицијалното светско клупско првенство, Супер Глоуб.

Освојувачот на титулата од минатата сезона, Магдебург, ќе биде дел од групата А. Останатите европски учесници – Бенфика, Келце и Барселона, се во различни групи.

Супер Глоуб ќе се игра од 8 до 13 октомври во Дамам, Саудиска Арабија.

Магдебург патува во Дамам како актуелен освојувач, Барса како европски првак, а вајлд-карти добија Бенфика и Келце.

Португалскиот тим ја освои титулата во Лигата на Европа, додека Келце беше финалист во Лигата на шампионите.

Супер Глоуб, 2022:

група А: Магдебург (Германија), Сиднеј (Австралија), Ал Kалеј (Саудиска Арабија)
група Б: Бенфика (Португалија), Ал Ахли (Египет), Ал Мудар (Саудиска Арабија)
група Ц: Келце (Полска), Ал Кувајт (Кувајт), Таубате (Бразил)
група Д: Барселона (Шпанија), Есперанца (Тунис), Монтереј (Мексико)