Познати арбитрите за мечот меѓу Македонија и Холандија

Европската ракометна федерација ги делегираше официјалните лица за натпреварите од второто коло на ЕП што се одржува во Македонија, Словенија и Црна Гора.

Македонија ќе се соочи со Холандија, а судии на тој натпревар ќе бидат Австријките Ана Врањеш и Марлис Венингер.

Натпреварот меѓу Македонија и Холандија се игра утре во СЦ „Борис Трајковски“ со почеток во 18:00 часот.

Во првото коло нашата селекција беше поразена од Франција, додека Холандија ја совлада Романија.