Познати арбитрите за европските двобои на Вардар, Металург, Чаир и Деспина

Европската ракометна федерација ги делегираше официјалните лица за натпреварите од второто коло на Европскиот Куп во женска конкуренција. Македонија има четири претставници во ова натпреварување, а три од нив ќе играат само на гостински терен.

Единствениот тим што ќе игра и дома е Вардар. Првиот меч меѓу Вардар и Приштина е на програмата на 16 октомври од 17:00 часот, а судии се Калуѓеровиќ и Вујачиќ од Црна Гора, додека делегат е Сивиркаја од Турција. Реваншот е во Скопје на 23 октомври од 17:00 часот, а судии се Куловиќ и Скаљиќ од Босна и Херцеговина, додека делегат е Ракочевиќ од Црна Гора.

Деспина ќе гостува кај шведска Скара. Првиот меч се игра на 23 октомври од 16:00 часот, додека вториот е на 24 октомври од 14:00 часот. Судии се Финците Кинари и Скокберг, додека делегат е Ирецот Партика.

Чаир патува на Фарски Острови каде ќе се сретне со Х71. Двата меча се играат на 16 и 17 октомври и започнуваат од 19:00 часот. Арбитрите доаѓаат од Данска – Нигард и Педерсен, додека делегат е од Исланд – Стефансон.

Металург ќе гостува кај тимот на Дуделанж од Луксембург. Првиот натпревар е на програмата на 16 октомври од 19:00 часот, додека вториот се игра на 17 октомври од 18:00 часот. Судии се Литванците Иванаускас и Јенчевичиус, додека делегатот доаѓа од Унгарија – Тордаи.