Подравка се „лизна“ – Локомотива со сензационален триумф среде Копривница

Ракометарките на Подравка во рамките од 4. коло од домашното првенство беа поразени од најголемиот ривал за шампионската титула, Локомотива Загреб. Гостинките од Загреб во Копривница остварија убедлива победа со 25:17, освоија важни бодови во битката со вечниот конкурент и докажаа дека не е се во парите.

Натпреварот беше решен уште во првото полувреме кое заврши со резултат 14:9 за ракометарките на Локомотива Загреб. Предноста од првиот дел беше максимално зголемена во вториот, па така избраничките на Ненад Шоштариќ прославија голема победа.

Најзаслужна за победата беше голманката на Локомотива Загреб, Луција Бешен, која натпреварот го заврши со 17 одбрани, додека на спротивната страна, Јулија Думанска имаше само осум одбранети удари.

Амбициозната екипа на Подравка која покажува солидни резултати во Лигата на шампионите, во следните натпревари од домашниот шампионат треба максимално да се посвети на своите противници и да не дозволи, Локомотива Загреб да ја освои шампионската титула.