Поделени признанија кај кадетките: Затуроска е МВП, а Чурлиноска е најдобар голман

Тимот на Стружанка стана шампион во женска кадетска конкуренција, откако славеше на двете средби од Ф4 во Прилеп.

Во финалето на Стружанка беше поуспешна од Деспина со резултат 18:16, а во натпреварот за трето место Вардар славеше над Металург со резултат 21:15.

За најдобар играч, односно МВП, прогласена беше ракометарката на Стружанка, Затуроска Бојана.

За најдобар голман беше прогласена Чурлиноска Матеа од Деспина, додека Голабовска Марија од Стружанка и Богојеска Сара од Деспина се прогласени за најдобри стрелци.