Поделени признанија: Наумовски МВП, Ангеловски нај голман, а Петковски нај стрелец на кадетскиот Ф4

Тимот на Металург ја освои титулата во кадетската лига, која вчера ја имаше својата завршница со Ф4 турнирот.

Во финалето Металург ја совлада екипата на Младост со резултат 27:21, а во натпреварот за трето место Вардар беше поуспешен од Струга со резултат 29:18.

За најкорисен играч на турнирот, односно МВП, беше прогласен беше ракометарот на Младост, Наумовски Стојанче.

За најдобар голман беше прогласен Ангеловски Никола од Металург, а член на Металург е и најдобриот стрелец, Петковски Александар, кој постигна 18 гола на двата меча.