Поддршката нема да изостане: Пристинаа ракометарите – дојдоа и семејствата! (ФОТО)

Денеска е вториот ден на Европското првенство во Австрија, Шведска и Норвешка, а прв ден во кој ќе се играат натпревари од групата Б во Виена, во која се наоѓа и македонската репрезентација.

Атмосферата кај ракометарите е на високо ниво, подготвени се за голема битка на теренот, а покрај од навивачите во „Штадхале Арена“, поддршка добиваат и од нивните семејства.

Во Виена пристигнаа сопругата и ќерката на левиот бек Филип Талески, родителите на Дејан Манасков, потоа понежната половина на Марио Танкоски…

Натпреварот меѓу Македонија и Украина се игра вечерва со почеток во 20:30 часот, додека претходно ќе играат домаќинот Австрија и Чешка со почеток во 18:15 часот.