Повторно одложен дуелот меѓу ПСЖ и Вардар!

Натпреварот меѓу ПСЖ и Вардар закажан за 9 февруари 2021 е одложен и ќе се игра во друг термин.

Канцеларијата на ЕХФ го информираше Вардар дека од француската ракометна федерација добиле известување за нови рестрикиции што ги вовела државата за лицата што не се од Европска Унија (задолжителен карантин при пристигнување).

Новите правила се на сила до неодреден датум и поради тоа нема шанси да се одигра натпреварот од ЕХФ лигата на шампионите во Франција.

Средбата беше закажана за 9 февруари 2021 година во 18:45 часот. ЕХФ и клубовите ќе се договорат за нов можен датум за одигрување на натпреварот.

Вардарци ќе преспијат во Порто – се бара начин побрзо да се вратат дома!

Вардар заглавен во Порто – им кажале дека мораат во карантин во Германија!