Повеќе од половина спонзори на ОИ не одлучиле дали ќе ги финансираат игрите догодина!

Олимписките игри во Токио наместо летово ќе се одржат наредната година од 23 јули до 8 август како последица на пандемијата на коронавирусот. Ова предизвика проблеми кај спонзорите на игрите.

Повеќе од половина од спонзорите сè уште немаат одлучено дали ќе ја обезбедат својата финансиска поддршка после одложувањето на Олимписките игри. Според истражувањата спонзорите се загрижени за можното намалување на гледачите како резултат на коронавирусот.

Постои ризик игрите наредната година да бидат откажани ако ситуацијата со пандемијата не се стабилизира и не дозволи одржување. 68% проценти од анкетираните претставници на компаниите велат дека одложувањето на Олимпијадата за една година значително влијае на финансиската позиција на спонзорите.

Турнирот во ракомет е еден од најинтересните екипни натпреварувања на Олимписките игри, но засега останува неизвесно како ќе се одвива ситуацијата со коронавирусот и во какви услови ќе се одржат игрите.