Победничката низа продолжува: Митревски и Порто немаа милост за Боависта

Тимот на Порто, каде што настапува македонскиот репрезентативец Никола Митревски, забележа нова победа во португалскиот шампионат.

Порто славеше на домашен терен над Боависта со убедливи 40-21, а победата беше обезбедена на полувреме кога домаќинот водеше со 21-12.

Митревски бранеше едно полувреме и забележа пет одбрани од 16 удари, или 30% одбранети удари.

Порто сега има 14 победи на 14 натпревари, а следен предизвик за португалскиот првак ќе биде гостувањето кај Келце во Лигата на шампионите.