„Плинарите“ се загреаја за Вардар – Загреб го грабна трофејот во Добој

Ракометарите на Загреб го освоија трофејот на ТВ турнирот на шампионите во босанскиот град Добој.

Избраниците на Ивица Обрван славеа во финалето над српскиот шампион Војводина со убедливи 27-19.

„Плинарите“ водеа на полувреме со плус четири, 13-9, а во вториот дел комплетно го надиграа противникот.

Најдобри стрелци во хрватскиот првак беа Иван Чупиќ со осум погодоци и Давид Мандиќ со четири, додека голманот Дино Славиќ собра осум одбрани.

Натпреварите меѓу Загреб и Вардар се играат на 26 август во Скопје и на 31 август во хрватската престолнина. Победникот од двомечот оди на Ф4 во Задар.