„Плинарите“ воодушевени од Дибиров: Кога не знаеме што со топката, тој ќе „измисли“ гол од мртов агол

Екипата на Загреб за годинешната сезона на позицијата лево крило го ангажираше екс ракометарот на Вардар, Тимур Дибиров, кој уште на првите одиграни натпревари потврди дека „плинарите“ воопшто не згрешија околу неговиот трансфер.

Русинот сѐ уште игра во одлична форма и на трите натпревари од Лигата на шампионите постигна вкупно 15 погодоци, од кои 10 погодоци беа во дуелот против Порто.

Кружниот напаѓач на Загреб, Никола Граховац во разговор за „РТЛ.хр“ имаше пофални зборови за неговиот нов соиграч.

,,Секоја чест за Дибиров, голем професионалец и одличен играч. На сите ни помага со совети и со него имаме дополнителна сигурност. Кога не знаеме како да одиграно во напад, тој ќе „измисли“ гол од мртов агол и навистина за нас е големо засилување “, изјави Граховац за „РТЛ.хр“.

Денес ракометарите на Загреб во рамки од 4. коло од Лигата на шампионите гостуваат кај најбогатиот клуб во Европа, ПСЖ.