„Плата добиваме не само за играње ракомет, туку и за работа во фабриката на претседателот“

Рускиот голман Виталиј Шицко брани за финскиот Кокс и веќе шеста година е дел од тимот. Тој со Кокс има освоено домашна титула и настапувано во Лигата на шампионите.

Во интервју за рускиот „Брз центар“, голманот Шицко зборуваше на различни теми, а една од нив беше и тоа дека играчите на Кокс освен што ги бранат боите на клубот работат и за сопственикот на екипата.

„Наш работодавач е претседателот на клубот, така се поставени работите и сè се одвива во корист на него додека нашата плата останува иста. Овде секогаш ќе биде така и секој што ќе потпише договор за клубот го знае тоа однапред. Работиме три дена во неделата од четири до пет часа. Едноставни работи, сортираме хартија или палети. Некој поправа автомобили, а некој оди некаде, чисти или истовара нешто. На почетокот беше тешко за сите но се навикнавме. Се случувало после натпревари од Лигата на шампионте екипата да патува во недела навечер а веќе наредниот ден да биде на работа“ коментираше Шицко.

Шицко исто така објасни и дека платата која ја земаат во Кокс е поголема од работите што ги извршуваат отколку за ракомет.

„Ракоемтарите кои не сакаат да работат и да играат, луѓето од Кокс ги елиминираат уште во почетната фаза од преговорите, а такви ги има многу. Некој ракометар да дојде и потоа да одбива да работа немало до сега. Секој што имаше конфликт со претседателот си замина. Генерално сме ангажирани како работници, не како спортисти и најголемиот дел од платата не е од ракомет. Во Финска нема професионален ракомет што не е случај со фудбалот и хокејот“, заврши Шицко.

Голманот веќе шест години брани за Кокс, а како што вели сака кариерата да ја заврши во Финска и потоа да продолжи да живее во земјата.