Питлик и Саудиска Арабија за СП на подготовки во Скопје

Поранешниот тренер на ЖРК Вардар, Јан Питлик, кој во текот на месец август оваа година стана нов селектор на сениорската машка репрезентација на Саудиска Арабија, моментално, со неговите избраници во Скопје се подготвуваат за настап на Светското првенство во јануари.

Репрезентацијата на Саудиска Арабија во престолнината на Македонија ќе се подготвува на техничко-тактички план и ќе одигра три до четири контролни натпревари против македонски клубови, со цел проверување на формата на секој репрезентативец.

Саудиска Арабија пласманот на Мундијалот 2023 го обезбеди, откако го освои третото место на Азиското првенство, но немаше многу среќа во ждрепката и ќе треба да го даде својот максимум доколу сака да обезбеди пласман во следната фаза од Светското првенство.

Ракометарите на Питлик на Светското првенство ќе играат во групата Б заедно со репрезентациите на Франција, Словенија и еден од домаќините, селекцијата на Полска. Најдобрите три репрезентации од секоја група ќе обезбедат пласман во следната фаза на Мундијалот.