Писонеро не се враќа во Вардар – стана тренер на Ваљадолид!

Тренерот кој требаше да ја продолжи успешната традицијата на шпански тренери на кормилото на Вардар, Давид Писонеро имаше многу краток претстој во Скопје. Полусезоната ја доврши како заменик на Кокшаров по што си замина во Шпанија.

Веднаш по пристигнувањето во татковината, Писонеро најде ангажман и седна на клупата на Ваљадолид, што практично значи враќање во клубот од кој пристигна во Вардар. Тој е поставен повторно на местото главен тренер, а досегашниот предводник на Ваљадолид Оскар Олеро ќе му биде помошник до крајот на сезоната.

Давид Писонеро имаше добар старт со Вардар во Лигата на шампионите, но по само еден висок пораз од Кил беше сменет и поставен за помошен тренер. Иако во јавноста се појавија информации дека Вардар повтрно му понудил соработка на шпанскиот стручњак сигурно нема да се случи тоа, а и Вардар во меѓувреме го промовираше новиот тренер Стевче Алушовски.