„Плинарите“ тврдат: Гаџа е наш ракометар, ако Вардар го сака – ќе мора да плати!

Хрватскиот среден бек Анте Гаџа иако имаше уште една година договор со тимот на Загреб, би требало во новата сезона да настапува за европскиот првак Вардар.

„Плинарите“ тврдат дека трансферот се уште не е готов, и дека мора да се плати оштета.

„За Гаџа треба да се плати оштета, се знае колку е таа, и ако Вардар го уплати тој износ, работата ќе биде завршена. Засега нема ништо од тоа, па Гаџа и понатаму е наш играч“, вели Божидар Јовиќ, извршниот менаџер на Загреб.

Хрватскиот првак го крати буџетот, па се ослободи од голем број играчи што настапуваа во тимот лани.

„Немам потпишано со Вардар, имам договор со Загреб, па ако клубовите се договорат, тогаш заминувам. Во комбинација беше и Спортинг Лисабон, но како што стојат работите, многу подобра опција за мене е Вардар“, вели Гаџа.