ПИК Сегед со ново засилување – доаѓа унгарски репрезентативец

Унгарскиот вицепрвак ПИК Сегед објави уште еден трансфер, кој ќе се реализира следното лето.

Станува збор за унгарскиот репрезентативец Золтан Сита, кој настапува во полската Висла Плоцк, но таму има договор до 2022 година, па ќе се врати во татковината следното лето.

Сита, кој игра на левата бековска позиција, потекнува од составот на Веспрем, а од следното лето ќе игра за големиот ривал, со кој потпиша договор на три сезони.

Во меѓувреме тој одигра две сезони во Балатнонфуреди, пред да се пресели во Висла Плоцк, каде што е еден од лидерите на тимот.

Претходно ПИК Сегед ги договори Мигел Мартинс, Кент Робин Тонесен, Себастијан Фримел и Александар Блонц, а го продолжи договорот со Бенце Банхиди.