Пик Сегед не штеди за плати, кои се најплатените играчи (ВИДЕО)

Екипата на Пик Сегед и сезонава ќе биде противник на Вардар во Лигата на шампионите, а овој пат тоа ќе биде во групната фаза.

Сè што е поврзано со овој тим секогаш е интересно, па така е и сега кога станува збор за платите на ракометарите на овој тим. Направено е видео кое ќе може да се види подолу во текстот на кое се гледат платите на играчите во последните години.

За новата сезона допрва ќе биде изработен приказот, но затоа кога станува збор за минатата година таму лидер е интернационалецот од Србија. Десното крило Богдан Радивојевиќ земал 30.000 евра месечно, додека поранешниот вардарец Хорхе Македа заработувал под 28.500 евра.

Како што може да се види од фотографијата буџетот на Пик Сегед бил далеку поголем од оној на Вардар. Инаку, двете екипи лани требаше да се соочат во осмина-финалето од Лигата на шампионите, но коронавирусот го спречи нивниот дуел.

Колку за споредба со Вардар, на листата од 15 играчи со најголеми плати, оној со најмала плата имал повеќе од најдобролатениот играч на „црвено-црните“.