Колку заработуваат „црвено-црните“ – кој е најплатениот вардарец во последните десетина години (ФОТО)

Откако беа објавени платите на ракометарите на Барселона, Веспрем и Кил, на ред дојде и Вардар.

You Tube каналот „Handball TV“, направи преглед на најплатените „црвено-црни“ ракометари во последните десетина години.

Пред доаѓањето на Сергеј Самсоненко најплатен бил Србинот Рајко Продановиќ со 3.500 евра, додека во ерата на Русинот најмногу заработувал Игор Карачиќ, 15.500 евра.

Втори на листата се Тимур Дибиров и Даинис Кристопанс со по 15.000 евра плата, додека капитенот Стојанче Стоилов е на средината на листата со 10.000 евра месечна заработка.