Пик Сегед не може да плати, Блонц ќе остане во Елверум

Mладиот Норвежанец, Александер Блонц најверојатно и во следната сезона ќе остане дел од екипата на Елверум, поради тоа што тимот на Пик Сегед не е во можност да плати обесштетување за него.

Двете екипи се договориле за трансфер на 20-годишниот ракометар кој игра на позицијата лево крило, но очигледно деканемада дојде до трансфер во скоро време и дека ќе се почека за менување на средината барем до следното лето.

Информациите се дека трансферот пропаднал како последица не економската ситуација во клубот која е далеку од она што беше поради коронавирусот. Клубот не е во можност да плати обесштетување, па затоа ќе остане без одлично засилување.

Засега Блонц останува во Елверум, но нема да биде изненадување доколку некој друг клуб влезе во трка и го „украде“ репрезентативецот на Норвешка уште во текот на ова лето.