Пивот од Македонија засили поранешен освојувач на Лигата на шампионите (ФОТО)

Екипата на Дунајварош (поранешен Дунафер) која во 1999 година победи во Лигата на шампионите во женска конкуренција доби засилување од Македонија во трката за добар пласман во новата сезона во шампионатот на Унгарија.

Пивотот Сања Дабевска е ново име во овој состав и таа се сели од Јонијас од Грција во првенството на Унгарија. Дабевска минатата година од Куманово замина во првенството на јужниот сосед, а сега добива далеку поголема можност за да игра за клуб со богата традиција.

Овој тим веќе го објави трансферот на својот профил на Фејсбук така што таа е една од ракометарките кои го засилуваат Дунајварош.

Таа минатата сезона со тимот на Јонијас од Грција играше во Челенџ купот, но испадна во 3. коло од Мадеира од Португалија. На двете средби постигна четири гола.