Пешевски и Штутгарт избегаа од опасната зона

Екипата на Штутгарт дојде до победа од 28:26 на дуелот против Гепинген со што беа обезбедени потребни бодови за да се дојде до бегство од опасната зона.

Штутгарт беше подобриот противник и го искористи домашниот терен така што не дозволи да има никаков проблем против тимот кој има позиција на табелата што води во европските купови.

На оваа средба репрезентативниот пивот на Македонија, Жарко Пешевски имаше два гола од два шута со што имаше свој придонес во оваа победа.

После овој триумф и новите бодови тимот на Штутгарт успеа да стигне до 12. позиција и сега има вкупно 23 поени со кои во моментов има сигурно место на табелата.