Пешевски и Штутгарт до реми во драмата против Лајпциг

Тимот на Штутгарт каде што настапува македонскиот репрезентативец Жарко Пешевски, одигра нерешен, 25-25, со тимот на Лајпциг. Гостите на десетина секунди до крајот стигнаа до предност, 24-25, но ШТутгарт се спаси со гол во последната секунда и освои бод.

Гостите од Лајпциг имаа предност од пет голови во првото полувреме, 7-12, но домашните ракометари успеаја да намалат дел од негативата и на пауза се замина со резултат, 12-14.

Штутгарт во вториот дел се врати во игра, еднаш и поведе, 21-20 на десетина минути до крајот, но Лајпциг беше тимот што може да жали што не победи. Иако имаше водство од 24-25 на десет секунди до крајот, домашниот тим израмни и се радуваше на голем бод кој ќе биде значаен за опстанокот.

Пешевски беше стрелец на еден погодок од еден обид.