Пешевски и колегите се откажаа од дел од платите во Штутгарт

Ракометарите и вработените во клубот Штутгарт каде што настапува репрезентативниот пикер Жарко Пешевски се откажаа од дел од своите плати. Ова е резултат на кризата што ја предизвика коронавирусот.

Со овој потег ракометартите и вработените сакаат да помогнат клубот да опстане, бидејќи доколку не се откажат, клубот се соочува со сериозни финансиски проблеми. За овој потег се обрати и директорот на клубот.

„Би сакал да им се заблагодарам на сите за овој чекор. Горд сум што најдовме заедничко решение. Но, за да го одржиме ракометот на ниво на Бундеслигата во Штутгарт, потребна ни е и поддршка од нашите спонзори и фанови “, рече Јирген Швајкард.

Штутгарт во овој момент се наоѓа на 12. поцизија на табелата во Бундес лигата и има добри шанси да избори опстанок во лигата. Сепак неизвесно е дали ќе се доигра сезоната или ќе биде означен крај.