Пет селекции во борба за еден билет за СП

Денес со натпреварот меѓу Куба и Мексико ќе започнат квалификациите за Светското првенство 2023 за земјите од Северна Америка и Карибите.

Освен Куба и Мексико, за мундијалски билет ќе се борат и репрезентациите на Канада, САД и Гренланд.

Домаќин на овие квалификации е Гренланд, кој очекува позитивен исход, односно историски пласман на едно големо натпреварување.

Светското првенство 2023 во женска конкуренција ќе се одржи во периодот од 30 ноември до 17 декември. Домаќините на Мундијалот ќе бидат Данска, Норвешка и Шведска

На Мундијалот нема да учествува репрезентацијата на Македонија, откако во баражот на двапати беше убедливо поразена од Украина.