Петрушевски со предлог: РФМ да размисли и в година да има лига со 14 екипи

„Сметам дека РФМ треба да размисли дали одлуката лигата за такво кратење на лигата во која испаѓаат шест екипи е добра. Сметам дека и следната сезона треба да се задржи овој број на екипи и да играат повторно 14 клуба. Има неколку екипи со млади, но квалитетни играчи кои заслужуваат да играат во Супер лигата. Не би било убаво да играт во Првата лига. Затоа би било добро да се разговара и лигата да остане со поголем број тимови бидејќи се виде дека има повеќе тимови заинтересирани да вложуваат и да носат квалитетни играчи“, смета тренерот на Работнички, Стојан Петрушевски.

Екипата на Работнички пред почетокот на сезоната како своја цел за новата сезона имаше поставено обезбедување опстанок, а дефинитивно нема да биде така лесно да се оствари овој план бидејќи за да се случи тоа мора да се освои место во плеј-офот или да се биде прв во плеј-аут лигата напролет.

На стартот од сезоната беше навистина тешко бидејќи тимот на Работнички имаше лош старт. Имаше проблеми и со играчкиот кадар бидејќи имаше една постава и недостигаа повеќе играчи за добра ротација.

Сепак, како одминуваше времето тимот доби на квалитет бидејќи со доаѓањето на Тоше Ончев не само што има повеќе избор во бековската линија туку и искуство плус. Се вклопија и оние што до лани играа во Вардар јуниор, па со Крстевски, Гогов, Атанасовски… сега почнува се д афункционира многу подобро. Сега и тренерот Петрушевски може да здивне и да почне да размислува за далеку подобро резултати.

Нема да биде воопшто лесно ниту во продолжението, но сега е далеку полесно на терен.

„Со доаѓањето на Тоше Ончев добивме на искуство бидејќи се работи за играч кој зад себе има натпревари на повисоко ниво. Добивме и играч за ротација и успеавме да излекуваме нешто каде бевме ранливи“, вели Петрушевски за 24 Ракомет после втората победа во серија и тоа против ривал кој е во трка за плеј-оф.

Работнички го надигра Бутел Скопје на свој терен, а вчера и тимот на Еурофарм Пелистер 2 така што освои шест значајни поени со кои работите многу се изменија и сега амбициите се далеку поголеми.

„Ќе се обидеме да обезбедиме местово плеј-офот. Во вторник играме против екипата на Прилеп. Тоа е натпревар кој ни значи многу бидејќи со победа на тој дуел ќе можеме да фатиме приклучок кон плеј-офот. Свесни сме дека ќе биде навистина многу тешко бидејќи неколку квалитетни екипи се во трка за местото кое води понатаму бидејќи сметам дека Металург и Бутел Скопје се сигурни веќе за плеј-офот“.

Факт е дека загреаноста за плеј-оф почна да станува сè поголема бидејќи патиштата се отворени кон третото место и само треба да се искористи шансата која се појави.

„Победата против Бутел Скопје ни донесе надеж за пласман во плеј-офот бидејќи ова е тим кој победи на гостински терен кај сите наши ривали. Ние со тие три бода успеавме да вратиме за еден пораз на гостувањата. Ни недостигаа тие бодови од гостувањето во Прилеп, и затоа сега ако си ги вративме назад одново сме во конкуренција. Сметам дека имаме добар распоред до крајот. Играме дома против Тиквеш, а одиме кај Младост, кој веќе нема шанси за плеј-оф. Ни доаѓа и Металург кој веќе е сигурен за плеј-оф, па зошто да не одиграме и против овој тим силен натпревар.Во моментов сметам дека шансите се подеднакви кај сите. И Тиквеш и Еурофарм Пелистер 2 и ние можеме до плеј-оф“.

Во тимот на Работнички играат главно млади ракометари кои сезонава добија шанса за да играат стандардно и да бидат носители на тимот. Тоа им помага да бидат само подобри, а тренерот може да биде задоволен.

„Сезонава напредуваат сите ракометари. Играњето 60 минути во оваа група која е за нијанса поквалитетна од А групата си го носи своето. Младите играчи добиваат шанса. Крстевски, Атанасовски, Ќосевски… играат стандадно. Добревски кој дојде од Ѓорче Петров исто така се вклопува во тимот. Имаме тројца одлични голмани. Виларов бранеше фантастично против Бутел Скопје, а против Еурофарм Пелистер, Гогов беше исто така одличен, додека Анѓеловски одбрани четири пенали. За младите играчи тоа е одлично“.

Тренерот на Работнички има и интересно размислување во однос на бројноста на екипите кои настапуваат во Супер машката лига односно бројката на тимовите кои би требало да испаднат на крајот од оваа сезона. Според Петрушевски треба да се задржи истиот број како годинава и да нема отпаѓање како што е планирано односно во Првата лига да се преселат шест екипи.

„Сметам дека РФМ треба да размисли дали одлуката лигата за такво кратење на лигата во која испаѓаат шест екипи е добра. Сметам дека и следната сезона треба да се задржи овој број на екипи и да играат повторно 14 клуба. Има неколку екипи со млади, но квалитетни играчи кои заслужуваат да играат во Супер лигата. Не би било убаво да играт во Првата лига. Затоа би било добро да се разговара и лигата да остане со поголем број тимови бидејќи се виде дека има повеќе тимови заинтересирани да вложуваат и да носат квалитетни играчи“, смета тренерот на Работнички, Стојан Петрушевски.

До крајот на регуларниот дел на сезоната за тимот на Работнички останаа уште четири натпревари.  Според распоредот прво гостува во Прилеп, па го пречекува Металург. Потоа во 12. коло Работнички ќе биде слободен, за потоа одново да гостува овој пат во Богданци. Во последното коло Работнички го пречекува составот на ГРК Тиквеш.

СУПЕР МАШКА ЛИГА – ТАБЕЛИ

ГРУПА А

ПозЕкипаНПРЛБ
1АЛКАЛОИД14131040
2ОХРИД14110333
3ТИКВЕШ14110333
4СТРУГА1470721
5ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 21460818
6АЕРОДРОМ1441913
7КУМАНОВО1412115

ГРУПА Б

ПозЕкипаНПРЛБ
1ВАРДАР 196114130139
2ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР14130139
3БУТЕЛ1480624
4ПРОЛЕТ1471622
5ГОЛДЕН АРТ1452717
6ПРИЛЕП14311010
7МУЛТИЕСЕНС1430119

Ончев во голгетерски ритам, Работнички со нова победа

„Романтичарите“ земаа уште еден скалп – плејофот се смешка (ФОТОГАЛЕРИЈА)