„Романтичарите“ земаа уште еден скалп – плејофот се смешка (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Работнички – Еурофарм пелистер 2

Ракометарите на Работнички со триумфот против Еурофарм Пелистер 2 од 28-23 направија групата B да биде многу поинтересна до крајот на првиот дел од сезоната. Сега четири екипи се бодат за едно место кое ќе води во плејофот. „Романтичарите“ од Скопје по осум одиграни натпревари имаат девет бода.

 

Ако почетокот на сезоната беше слаб и многумина го отпишаа тимот на Работнички од можноста за борба за плејофот, после победите над Бутел и Еурофарм Пелистер 2, тимот од Скопје покажа дека на многумина ќе им ги замрси сметките и се вклучува во борба за едно од првите три места во Б групата. Со доаѓањето на Тоше Ончев во тимот Работнички доби огромно засилување и заедно со тимот кој и досега го носеше товарот покажаа дека имаат квалитет да бидат уште посериозен ривал.