Ончев во голгетерски ритам, Работнички со нова победа

Ракометарите на Работнички го кренаа нивото на формата и почнаа да играат сè подобро, па после Бутел Скопје на својтерен го совладаа и составот на Еурофарм Пелистер 2. Денеска беа подобри од битолчани со 28:23.

Предводни од Тоше Ончев на теренот, на ракометарите на Работнички не им беше тешко особено во вториот дел да имаат контрола на резултатот. Ончев беше стрелец на дури 11 погодоци со кои беше далеку пред колегите.

Средбата имаше израмнето прво полувреме во кое долго имаше надигрување. Сепак, пред заминувањето на одмор, Работнички успеа да создаде предност од два гола и на паузата да има 14:12.

На стартот од вториот дел гостите успеаја да се доближат и да намалат на гол негатива, но не и да направат нешто повеќе. Сепак, Работнички успеа одново да зададе удар кој овој пат резултираше со поголема предност. При 22:17 веќе беше решен победникот на овој дуел така што докрајот само остана да се заврши задачата и да се зачува предноста од пет гола.

Работнички – Еурофарм пелистер 2

Ракометарите на Работнички со триумфот против Еурофарм Пелистер 2 од 28-23 направија групата B да биде многу поинтересна до крајот на првиот дел од сезоната. Сега четири екипи се бодат за едно место кое ќе води во плејофот. „Романтичарите“ од Скопје по осум одиграни натпревари имаат девет бода.

Работнички успеа во тоа и го доби овој дуел со 28:23 за нови три бода со што практично останува во трка за местата кои водат во плеј-оф иако тоа ќе биде тешка мисија до крајот од регуларниот дел од сезоната.

28 ноември 2020
28 - 23
Крај

Детали

Датум Време Лига Сезона Match Day Крај
28 ноември 2020 17:37 СУПЕРЛИГА Б 2020/2021 28.11.2020 60'

Место

СЦ „Јане Сандански“

Резултати

Екипа1-во полувреме2-ро полувремеРезултат
РАБОТНИЧКИ1428Победа
ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 21223Пораз

РАБОТНИЧКИ

# Играч Позиција Исклучување Голови
5Стефан Чакалиќлево крило00
9Дамјан Јакимовскидесно крило03
10Давид Димескилев бек00
12Јоаким Ангеловскиголман00
13Енес Идризилев бек00
14Христијан Чакалиќцентрален бек00
19Кристијан Анѓелковскипивот20
20Антонио Николовскилев бек00
21Давид Савревскидесно крило13
23Тoше Ончевцентрален бек111
25Стефан Добревскилево крило21
28Петар Виларовголман00
33Стефан Крстевскицентрален бек06
55Стефан Атанасовскипивот24
77Ѓорѓи Дукадесен бек00
99Васил Гоговголман00
 Вкупно 828

ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2

# Играч Позиција Исклучување Голови
3Цветан Кузманоскилево крило05
4Јован Талевскицентрален бек02
7Дарио Петровскилев бек11
8Павле Атанасијевиќцентрален бек11
9Васко Димитровскипивот02
12Филип Ивановскиголман00
14Филип Јовановски-00
22Иван Димитровскилево крило11
23Стефан Талевскицентрален бек04
24Никола Стоилевскидесно крило01
33Петар Атанасијевиќлев бек00
44Ненад Белистојановски-00
51Димитар Бардакоскиголман00
55Стефан Дрогришкилев бек04
88Димитриј Блажевскидесен бек01
99Филип Арсеновскипивот01
 Вкупно 323

Officials

Судии:Делегат:
АНГЕЛЕСКИ ГОРАН
СЕДЛОСКИ РУБИНЧО
ЦВЕТКОСКИ ИЛИЈА
ПозЕкипаНПРЛБ
1ВАРДАР 196114130139
2ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР14130139
3БУТЕЛ1480624
4ПРОЛЕТ1471622
5ГОЛДЕН АРТ1452717
6ПРИЛЕП14311010
7МУЛТИЕСЕНС1430119