Петров се врати во Автокоманда, Дупјачанец го продолжи договорот со Металург

Тимот на Металург за следната сезона го обезбеди потписот на македонскиот пивотмен Костадин Петров.

Тој потпиша договор на две години и прави камбек во Автокоманда, каде што играше пред четири сезони.

Во меѓувреме беше дел од Пелистер, шпанската Гвадалахара и романскиот тим Сучеава, каде имаше солидни настапи.

Голманот и капитен на тимот Даниел Дупјачанец, го продолжи договорот и ќе остане во Автокоманда најмалку уште две сезони.

Претходно тимот на Металург го продолжи договорот со десното крило Златко Хорват, а ги договори и француските интернационалци Кевин и Оливие Њокас.