Петров и Сучеава без борба во романската елита

Иако Романската федерација очекуваше повеќе пријавени тимови од прволигашкото друштво за пополнување на елитната конкуренција, сепак не е така.

Се пријавија само два тима за две места, па многу веројатно нема да има бараж средби за пласман во ранг погоре.

Пријавени се екипите на Сучеава, за која потпиша македонскиот интернационалец Костадин Петров и екипата на Ботошани.

Сучеава дури и да имаше бараж ќе беше прв фаворит со оглед на седумте нови играчи – Петров од Гвадалахара, Григорас од Фагараш, Дариус Макараија од Синфин, Баран Налбантоглу од Бешикташ…

Во женска конкуренција има четири пријавени тимови за две места, па тука веројатно ќе има бараж за елитната конкуренција во кој ќе се борат Дачиа Миовени, Плоешти, Констанца и Крисул Чисинау.