Петковска со прв трофеј – Јагодина го освои Суперкупот

Српскиот шампион Јагодина додаде уште еден трофеј во своите витрини. Откако минатата сезона ја освои двојната круна во Србија, сега славеше и во Суперкупот.

Македонската голманка Драгана Петковска, која од пред неколку дена е во Јагодина, се израдува на прв трофеј со новиот клуб.

Јагодина славеше против финалистот од Купот, Наиса, со убедливи 32-15, а на полувреме избраничките на Драган Марков водеа со 19-8.

Тимот од Ниш претрпе големи промени во играчкиот кадар ова лето, па Јагодина останува главен фаворит за двојната круна во Србија оваа сезона.