Петковиќ го објави конечниот список за ЕП – Русија без Киселев, Кудинов, Касаткин…

Селекторот на машката репрезентација на Русија, Велимир Петковиќ, заедно со своите асистенти, го состави конечниот список на ракометари за настап на Европското првенство во Унгарија и Словачка.

По пријателските натпревари со Хрватска во Осијек, ракометарите на руската репрезентација се вратија во Новогорск каде што одработија неколку тренинзи пред да заминат за Словачка.

Во однос на составот што играше во Хрватска, на списокот за ЕП беа додадени левиот бек од Брегенц, Михаил Виноградов, како и двајцата ракометари кои играат на позицијата пикер, Радомир Врачевич и Александар Ермаков.

На списокот кај Петковиќ го нема десниот бек, Дмитриј Киселев и пикерот, Вјачеслав Касаткин. Двајцата ракометари не настапија на пријателските натпревари против Хрватска поради здравствени проблеми, додека повредениот Сергеј Кудинов не се најде меѓу 18-те избрани играчи.

Состав на Русија: Андреј Верешчагин, Артем Грушко, Виктор Киреев, Роман Осташенко, Дмитриј Корнев, Даниел Шишкарев, Игор Сорока, Павел Андреев, Александар Ермаков, Радомир Врачевич, Никита Каменов, Александар Котов, Михаил Виноградов, Евгениј Дземин, Сергеј Марк Косоротов, Дмитриј Санталов, Валентин Воробјов и Дмитри Житников.

Русија натпреварите на Европското првенство ќе ги стартува од Кошице. Ракометарите на Русија се наоѓаат во група заедно со селекциите на Словачка, Литванија и Норвешка.